Илјадници светски научници и здравствени експерти потпишаа изјава против повторно воведување на карантин.
Скоро 6.000 експерти веруваат дека таквата мерка може да има разорно влијание врз физичкото и менталното здравје на една личност, како и врз самото општество.
Тие бараат заштитата да биде насочена кон најранливите групи и здравите луѓе да продолжат со животот, пишува Би-Би-Си.
Шеесет и шест матични лекари и голем број медицински лица кои имале важни позиции во британското медицинско друштво му пишале на британскиот министер за здравство за да му укаже на можните негативни ефекти од повторното воведување на карантин.
Движењето зад декларацијата против карантинот започна во САД, а декларацијата досега ја потпишаа скоро 6.000 научници и медицински професионалци ширум светот, како и 50.000 граѓани.