Светска банка проценува дека глобалната стапка на екстремна сиромаштија може да падне на седум проценти до 2030 година.
Екстремната сиромаштија во светот ќе се зголеми оваа година за прв пат во последните две децении поради нарушувања предизвикани од пандемијата, предупреди Светската банка.
Повеќе од 150 милиони луѓе ќе завршат во екстремна сиромаштија до крајот на следната година, проценува Светска банка.
Светска банка објави извештај во кој се наведува дека само во текот на оваа година, поради пандемијата, помеѓу 88 и 115 милиони луѓе во светот ќе ја преминат границата на екстремната сиромаштија, а тој број следната година ќе се зголеми на 150 милиони, пишува РТ.
Екстремната сиромаштија значи дека едно лице живее со помалку од 1,9 американски долари на ден, а тоа ќе влијае на 9,1 до 9,4 проценти од луѓето во светот оваа година, проценува Светска банка.