Поранешниот министер за безбедност на Босна и Херцеговина, а сега и пратеник во парламентот, Драган Мектиќ ја згрози јавноста со објавата на снимка од неговата „пена-забава“ на реката Укрина.
Мектиќ организираше забава на реката, со посебни „топови“ за правење на вештачка пена и со тоа ја загади реката.
Поради тоа, од инспекторатот на Република Српска било побарано да се истражи случајот, а од водовод наложиле земање на примероци од водата за анализа.
Истрагата треба да покаже колкав е степенот на загадувањето на реката и штетата по природната околина која босанскиот министер ја предизвикал поради своите инструменти за забава.
Извор: kanal5.com.mk