Првата дама на САД , Меланија Трамп се пофали на Твитер за реновирање на градината во резиденцијата на Белата куќа, позната како Rose Garden.
Изгледот на градината првично е дизајниран од Џеки Кенеди во раните 60-ти. Шарени лалиња, рози, дрвја од магнолија и јапонски цреши се одликуваа совршено во комбинација со белите sидови на претседателската резиденција.
На Американците воопшто не им се допадна новиот изглед на Роуз Гарден, а своето незадоволство го искажуваат на социјалните мрежи.
„Меланија Трамп ја направи Роуз Гарден да личи на нејзиното семејство – студено и празно“, „Рајот се претвори во паркинг“, „Обидот и работата на славната Џеки Кенеди што успеавте целосно да ја уништите. Кој друг денес сече дрвја?“, се само некои од коментарите на лутите Американци.
Извор: Канал5