Приказната за необичното пријателство помеѓу девојчето Јана и делфинот Јан ја објавија многу руски медиуми пред неколку години.
Мал пациент од рускиот град Кемерово страдал од церебрална парализа и бил слеп од раѓање. Очите на Јана не реагираа на светлина поради атрофија на оптичкиот нерв и катаракта. Лекарите се обиделе да и помогнат на девојчето, но напредокот бил многу бавен, сè додека Јана не заминала на Крим со нејзините родители.
Таму, за време на нејзиниот летен одмор, таа го посети делфанариумот Евпаторија, каде го запозна својот „терапевт“ – делфин по име Јан.
Јан и Јана брзо станаа пријатели и започнаа да играат. Во одреден момент, делфинот на девојчето и донесе жолта играчка во форма на прстен на носот. Јана посегна, го зеде прстенот и го тргна од носот на делфинот. Родителите останаа без зборови, бидејќи сфатија дека нивната ќерка започнала да гледа предмети и бои.
Позитивните емоции толку многу влијаеја на нервниот систем на Јана, што нејзиниот вид драматично се подобри.
Лекарите велат дека случајот со Јана е вистински феномен. Но, тренерите и психолозите во делфинариумите веќе се навикнати да ги гледаат среќните солзи на родителите чии болни деца покажуваат феноменален напредок при средби со делфини.
Дружењето со нив значително ја подобрува емоционалната состојба на пациентот и со тоа се менува „хемијата“ во организмот. Благодарение на контактот со делфините, аутистично дете излегува од психолошкиот „оклоп“ и полека се навикнува на интеракција со реалниот свет. Малиот пациент учи да го насочи вниманието кон одредени активности, демонстрира свесна реакција на надворешни појави, станува поотворен за контакт и полесно комуницира со луѓето.
Позитивните промени се предизвикани не само од играта, туку и од сонарот – ултразвук на делфини, што има корисен ефект врз нервниот систем.
Покрај пациентите со ментални проблеми и нарушувања во однесувањето, терапијата со делфини често се препорачува за деца со церебрална парализа, како и за возрасни кои страдаат од последици од мозочен удар.
Пливањето со делфини ја подобрува мускулната активност, координацијата на движењата и ги подобрува психомоторните вештини.
Со допирање на биолошки активните точки на телото на пациентот, делфинот ги стимулира рефлексните зони на нервниот систем. Рехабилитацијата на пациентите со помош на пливачки „лекари“ дава побрзи и подобри резултати од обичната физикална терапија.