Денес, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, нареди раководството на Министерството за одбрана да реагира без предупредување во случај на повреда на западната граница.
Нема да има предупредувања. Ние ги предупредивме. Доколку ја нарушат државната граница, ние ќе реагираме без предупредување – рече Лукашенко.
Тој ја даде таа задача на министерот за одбрана, Виктор Хренин, за време на посетата на теренот за воена обука кај градот Гродно, јавува ТАС С.
Хренин му рече на Лукашенко дека трупите на НАТО во Литванија „се приближуваат кон границата, се вртат и заминуваат“.
Извор: Novosti.rs