Сексуалноста е една од најинтензивните енергии кај човекот. Сигмуд Фројд ја смета како темелна енергија и потеклото на многу психолошки проблеми го лоцира токму во истражување на аспекти од сексуалноста.
Сексуалниот живот е важен сегмент од една љубовна врска бидејќи тој претставува интима, тајна и начин на кој двајца луѓе најнепосредно комуницираат меѓусебно, или си испраќаат пораки.
Сексот има елементи на комуникација, придонесува за сексуалниот развој на поединецот кој е во тесна врска со психичкиот развој, ја изострува сензуалноста кај луѓето, претставува одреден тип на завет, но и игра.
Сепак, не секогаш сексуалниот живот помеѓу луѓето се одвива по очекуваниот и предвидениот правец. Најчеста причина за изостанување на сексот е машката импотенција или женската фригидност.
Импотенцијата и фригидноста може да бидат резултат на физички пореметувања, но многу почесто тие се поврзани токму со психата на луѓето.
Неколку причини за недостаток на ерекција:
- Преголема возбуда
Понекогаш недостатокот на ерекција е добар знак. Недостатокот на ерекција покажува дека некој е премногу возбуден и привлечен од личноста со која е.
- Почит кон сексуалниот партнер
Обично мажите имаат проблем да бидат опуштени со жени кои многу ги почитуваат. Преголемата почит што мажот ја има кон сексуалниот парнер, често му ја инхибира сексуалноста на сметка на активирање на когнитивните и моралните капацитети.
- Начин на разбирање на сексот
Сите луѓе го разбираат сексот различно. Многу често луѓе кои се воспитувани во духот на религијата или некоја патријархална традиција имаат разбирање дека сексот е сквернавење на духот и моралот, или во религиски контекст често се користи зборот „обесчестување“.
Таквите претстави за сексот може да бидат сериозна пречка за мажот да се опушти со сексуалната партнерка, сметајќи дека преку сексуалниот акт ќе нанесе повреда на нејзиниот углед, чест или достоинство.
- Страв од неуспех
Често мажите се оптеретени со помислата дали ќе бидат доволно добри за својата партнерка и дали ќе ги оправдаат нејзините, како што претпоставуваат високи очекувања.
Таквиот страв и несигурност многу често се рефлектира со неуспех да се доживее ерекција.
Во секој случај недостатокот од ерекција не секогаш е лош знак, напротив во одредени моменти тоа е и одличен знак. Причините за недостатокот на ерекција се наоѓаат во претставите на мажите за нивните сексуални партнерки и нема потреба од преземање на радикални чекори за отстранување на „проблем“ кој всушност е фиктивен.
Можеби ќе треба само да поминете повеќе време заедно, подобро да се запознаете, да се зближите и опуштите. Во многу често случаи отворениот разговор за проблемот може да реши голем дел од истиот.
Лошиот секс не значи недостаток од ерекција, туку недостаток на реална почит, страст, привлечност и поврзаност помеѓу двајца луѓе. Проблемот со ерекцијата може да се надмине само со разбирање, почит, поврзаност и љубов, но доколку имате проблем со страст, почит, поврзаност и љубов тогаш ниту сексот, ниту постојаната ерекција нема да може да ви ги надокнадат тие елементи.