Дуа Липа го предизвика вниманието на светската јавност откако на својот профил на социјалните мрежи објави симбол на „Велика Албанија“ која освен што опфаќа територија на Албанија и Косово, опфаќа скоро 50% од територијата на независна и суверена Македонија.

Реакциите на македонската јавност не изостанаа и тие најмногу беа насочени кон осуда на објавата на Дуа Липа. Дури некои општествени научници во тоа видоа погоден феномен за докажување на својата стручност преку анализи.

Освен македонската јавност, реакции на објавата на Дуа Липа се појавија и помеѓу Србите поради обединување на Косово, кое уште не е признаено како независно со Албанија и дел од Македонија.

Една од реакциите на социјалните мрежи која активно се споделува и коментира е реакцијата на Влатко Лозановски кој на својот профил објавил фотографија од „Обединета Македонија“ со Вардарски, Егејски, Пирински дел и мал дел од територијата на денешна Албанија при тоа коментирајќи: „Ако може Дуа Липа, можеме и ние“.

Ова објава наиде на голема подршка кај македонската публика, а некои сметаат дека е непотребно да се коментира објавата на Дуа Липа и да и се придава големо значење.