Лекарите предупредуваат дека од денеска не очекува многу тежок период во справување со инфекциите.
Падот на температурите кој почна да се забележува низ Македонија и регионот ќе биде плодно тло за размножување на нови инфекции.
Ќе настапи сезонскиот грип во доба кога владее епидемијата предизвикана од смртоносниот вирус КОВИД19.
Ќе биде исклучително тешко да се разликуваат симтомите на сезонски грип од симптоми на КОВИД19 со што проблем ќе имаат лекарите во одредување на терапии и дијагнози, но и населението кое поради сомнеж дека не станува збор за зараза со КОВИД19 туку сезонски грип ќе се лекува во домашни услови и ќе го шири вирусот.
Хрватската педијатарка Снежана Андријашевиќ за „Слободна Далмација“ истакнува дека ова зима ќе биде најтешка за лекарите бидејќи не демнеат опасни инфекции.
Таа смета дека единствен начин да се стави крај на епидемијата се вакцините и се додека не се вакцинира населението, ќе епидемијата ќе „го зема својот данок секојдневно“.