Поради забрзаното зголемување на бројот на нови случаи КОВИД-19, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон размислува за воведување нов карантин во земјата.
Според Ројтерс, бројот на нови инфекции во Велика Британија се зголемува за најмалку 6.000 на ден, а бројот на пациенти кои се примени во болница поради КОВИД-19 се удвојува на секои осум дена.
Крис Вити, главниот медицински експерт на британската влада, се очекува на денешната прес-конференција да објави дека земјата е во критична точка на пандемија пред многу предизвикувачкиот зимски период.
Министерот за транспорт Грант Шнапс рече дека сите мерки за карантин треба да бидат добро избалансирани и дека на компаниите ќе им биде дозволено да функционираат за да може земјата да ја издржи економски кризата, а училиштата да продолжат да работат.
Извор: Танјунг