Богатството на милијардерите достигнува рекордни вредности за време на пандемијата, со што водечките луѓе од технолошкиот сектор и од индустријата профитираат најмногу, пренесуваат светските медиуми.
Капиталот на најбогатите луѓе на светот се зголеми за 27,5 отсто на 10,2 трилиони долари, од април до јули годинава, според извештајот на швајцарската банка „УБС“.
Тоа е значително зголемување во однос на претходниот рекорд од 8,9 трилиони на крајот на 2017 година и се должи главно на глобалното зголемување на цената на акциите. „УСБ“ соопшти дека милијардерите поминуваат „екстремно добро“ во текот на корона-кризата.
Според податоците на банката има и рекорден број на милијардери, вкупно 2.189, што е зголемување во однос на 2.158-те од 2017 година.
Извор: Нова Македонија