Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски по завршување на седницата на Советот за безбедност најави дека нема да прогласи ново продолжување на вонредната состојба.
Укинувањето на вонредната состојба се случува во време кога секој ден бројот на нови заразени е над 100 лица, што укажува на тоа дека КОВИД19 во Македонија рапидно се шири помеѓу населението.
Укинувањето на вонредната состојба се случува во пресрет на барањата и предлозите за реализирање на предвремените парламентарни избори кои веќе еднаш беа одложени поради настанување на епидемијата.
Мислењето на политичките партии како учеснички во изборниот процес е поделено. Едни сметаат дека реализирањето на изборите ќе ја прекине политичката криза и ќе обезбеди стабилност на здравствените институции што ќе помогне во побрзо надминување на здравствената криза.
За други реализирањето на изборниот процес е невозможно во време на здравствена криза која ќе се одрази на излезеноста и изборниот резултат.