дома информација вест Експлоатација на труд во С.Кореја: Пензионери и ученици од основни и средни...

Експлоатација на труд во С.Кореја: Пензионери и ученици од основни и средни училишта однесени на принудна работа во рудник

901
0

Апетитите на Ким Јонг Ун растат пред 75-годишнината од основањето на Работничката партија.

Неколку илјади пензионери и ученици од севернокорејските училишта беа однесени на принудна работа во рудникот со цел да се обезбеди изградба на болница во Пјонгјанг, чие отворање е закажано за 10 октомври.

Тоа се ученици од основно и средно училиште, како и пензионери до 75-годишна возраст, сите од градот Ксионг и неговата околина. Откако биле „мобилизирани“, тие биле однесени во истоимениот рудник, кој се наоѓа на крајниот север од земјата, каде ископуваат блокови калциум карбонат, ги мелат и ги претвораат во прав.

Ископаниот и смачкан калциум карбонат ќе се користи за изградба и боење на болница во Пјонгјанг, а ваквите радикални мерки стапија во сила поради доцнењето во градежништвото, што беше причина за западните санкции воведени на Северна Кореја.