Сите параметри на воената способност и опремата покажуваат дека Азербејџан е поподготвен за конфликтот со Ерменија што избувна заради регионот Нагорно-Карабах.


Што се однесува до работната сила, Ерменија има подготвено 1.696.085, додека Азербејџан има на располагање дури 5,042,346 лица за војна.

Азербејџан има многу повеќе авиони, 147 и 88 хеликоптери, додека Ерменија има 64 авиони и 37 хеликоптери.

Ерменија има 110 борбени тенкови, а Азербејџан 570. Според него, состојбата на теренот е како порано, конфликтите продолжуваат на северот и југот на територијата.

Претходно беше објавено дека Владата на Ерменија прогласи воена состојба поради ескалацијата на ситуацијата во Нагорно Карабах.

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан, вели дека борбените дејствија на Азербејџан се провокација, а претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, тврди дека ерменските сили отвориле оган, а тој исто така го нарекува провокација.

Москва повикува на итен прекин на конфликтот.

Извор :B92