ММФ прогнозираше БДП и на другите земји во регионот да забележи пад оваа година.
Според ММФ, БДП на Хрватска ќе падне за девет проценти, Албанија и Косово за 7,5 проценти, БиХ за 6,5 проценти, Македонија за 5,4 проценти и Србија за 2,5 проценти, пренесува „Вијести“ од Подгорица.
Во април, ММФ прогнозираше девет проценти пад на бруто домашниот производ на Црна Гора.
Според октомврискиот извештај на ММФ, се наведува дека БДП треба да зајакне за 5,5 проценти следната година, а за 3 проценти во 2025 година.
ММФ, кога станува збор за салдото на тековната сметка во Црна Гора, предвидува дефицит од 14,2 проценти оваа година, 13,6 проценти следната година и 9,1 процент за 2025 година.
Во својата најнова прогноза ММФ соопшти дека глобалната рецесија, предизвикана од пандемијата на корона вирусот, ќе биде послаба отколку што се очекуваше оваа година, благодарение на одржливата активност во вториот квартал во напредните економии и Кина.
ММФ очекува намалување на светскиот БДП за 4,4 проценти или 0,8 проценти помалку од проценката објавена во јуни.
Извор: Mondo.ba