дома информација вест Доживотен затвор за извршителот на масакрот во ноќниот клуб во Истанбул

Доживотен затвор за извршителот на масакрот во ноќниот клуб во Истанбул

929
0

Турски суд денеска го осуди на доживотен затвор главниот осомничен за нападот во истанбулскиот ноќен клуб Реина на новогодишната ноќ 2017 година, во кој беа убиени 39 лица, објави турската државна новинска агенција Анадолија.

Узбекистанецот Абдулкадир Машарипов доби еквивалент на 40 доживотни казни затвор без можност за помилување, плус дополнителни 1.368 години затвор, објави Ројтерс.

Машарипов на упадна во истанбулскиот клуб Реина рано изутрината, каде стотици луѓе ја славеа Новата година.

По нападот успеа да избега, а Исламската држава подоцна ја презеде одговорноста за масакрот. Полицијата го уапсила 15 дена по нападот.

Извор: Канал5