Ден на востанието на Македонија се одбележува секој 11ти Октомври.
Овој ден е државен празник во Македонија и е неработен за сите граѓани. Годинава 11ти Октомври е недела со што неработен ден ќе биде понеделник, односно 12ти Октомври.
11ти Октомври е почеток на борбата против фашизмот со кој македонското население дало голем придонес во II Светска војна за пораз на фашистичкиот окупатор.
Поради вооружените отпори во Прилеп и Куманово, се тврди дека токму во овие градови „пукнала првата пушка“ а на многу училишта во овие два града, овој датум им е воедно патрон празник.