Грчката полиција уапси пет мигранти заради пожарот на Лезбос, кој минатата недела уништи преполн мигрантски камп, изјави грчки министер.
Петмината се млади странски државјани, а по шести се трага, рече министерот за заштита на граѓаните Михалис Крисохоидис.
Околу 800 од над 12.000 мигранти и бегалци кои минатата недела избегаа од пеколот Морија се преселија во нов камп.
Грчките власти соопштија дека 21 лице во новиот камп бил позитивен на коронавирус. Грчката влада ги обвини мигрантите дека го запалиле пожарот во Морија пред една недела, бидејќи биле разгневени од мерките за изолација воведени за спречување на епидемијата на коронавирус.
Мигрантите го оспорија тоа, обвинувајќи ги непријателските локални жители за пожарот.
Од мигрантската криза во 2015 година, бројот на пристигнати на грчките острови близу Турција значително опадна, но грчките кампови остануваат пренатрупани, како и оние во Италија.
Извор: BBC