Ученици од основно училиште во Бујановац, Прешево и Медвеѓа кои по 20 години посетуваат настава на албански јазик, ја започнаа учебната година со сите учебници.
- Направен е голем чекор во остварувањето на интересите на албанското национално малцинство и нивниот долгорочен стремеж да се реши прашањето со учебниците – вели за „Новости“ Зоран Станковиќ, претседател на Координативното тело за општините Бујановац, Прешево и Медвеѓа. – Точно е дека го чекаа тоа поради недоразбирања поврзани со постапките, но тоа е зад нас.
Извор: Novosti.rs