Ова 2020 година требаше да биде супер година за природата и биодиверзитетот, според ООН.
Но, со блокирање на планетата, КОВИД-19 го потенцираше ризикот од нестабилна врска на човештвото со природата, со повеќекратни предупредувања што ја поврзуваат пандемијата со уништување на екосистемите и видовите.
Различни студии упатуваат на различни резултати околку влијанието на пандемијата врз природата и екосистемите.
Некои од студиите заклучуваат дека пандемијата која ја донесе на сила мерката „карантин“ според која милиони луѓе останаа затворени во своите домови и помогна на природата фигуративно речено да „дише“.
Многу видови меѓу кои и белите делфини почнаа да пливаат на бреговите на морињата, поради намалениот транспорт на морските патишта.
Други, пак, истражувања утврдуваат дека екосистемот и биодиверзитетот претрпел штета од пандемијата бидејќи човекот ја изгубил својата врска со природата и интересот за нејзино негување и унапредување.
Во четвртокот на генералното сообрание на ООН ќе се дискутира за влијанието на пандемијата предизвикана со КОВИД19 врз природата воопшто.
Извор: Theguardian.com