Актуелниот премиер на техничка влада на Македонија, Оливер Спасовски на својот фејсбук профил денеска објави дека владата се состанала со Делегација на средношколци.
Идејата за состанокот е да се вклучат сите засегнати страни во изработка на наставен модел кој ќе биде во согласност со образовните цели и препораките на Комисијата за заразни болести како и Мила Царовска која во иднина ќе раководи со образование.
Покрај Делегација на студенти, присутен на состанокот бил и актуелниот министер за здравство – Венко Филипче кој ги изложил препораките на стручната фела.
Засега не се знае како ќе се одвива учебната година, како ќе се развива, менува и прилагодува предложениот модел, а некои од средношколците најавија бојкот на настава или протести доколку не се овозможи сигурен и здравствено безбеден протокол за настава.
Извор: Фејсбук објава на Оливер Спасовски