Во среда Вибер ги повлече сите реклами од Фејсбук и неговата сестринска социјална мрежа Инстаграм. Бојкотот го продолжуваат со интензивно отстранување на сите Фејсбук технологии од апликациите на Вибер, пренесува „Гардијан“.
Апликацијата за комуникација Вибер која е пети најголем сервис во светот, која има повеќе од милијарда корисници во светот, ги прекинува сите односи со Фејсбук и не е единствена која тоа го направила со оглед на растечкиот број на комерцијални партнери.
Кампањата иницијално започнала во САД откако Фејсбук одбил да преземе акт, нешто по повод објавите на Доналд Трамп за кои критичарите велат дека поттикнуваат насилство. Незадоволството сега прерасна во меѓународно движење.
Вибер кој е во сопственост на јапонската компанија Ракутен, опфаќа најголем дел од пазарот во источна Европа, југоисточна Азија и северна Африка.
На Вибер во иднина нема да постои опција за пријавување преку Фејсбук.
Извор: theguardian.com