Претставници на руската елита како топ менаџери, државни службеници и бизнисмени, уште во април примиле експериментална вакцина против коронавирус, во рамки на тајна програма за испитување на новата вакцина, јави денеска агенцијата Блумберг.
Вакцината била разработена од државниот Научно-истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Николај Ф. Гамалеи“ од Москва.
Агенцијата се повикува на анонимни учесници во програмата. Засега не се регистрирани нус појави од вакцината, по што може да се предвиди дека Русија ќе биде првата држава која ќе прогласи „власт“ над вештачка имунизација на КОВИД19.
Во програмата учествувале неколку стотина лица и таа била скриена од јавноста за да се избегне наплив од барања на потенцијални кандидати кои сакаат да се заштитат од коронавирусна инфекција.
Извор: Сител