Во моментов целиот свет забрзано работи на откривање на вакцина за КОВИД-19, во развојни фази се повеќе од 150 вакцини кои се развиваат на различни континенти и во различни земји, од Кина, преку Русија, Обединетото кралство, во Соединетите Американски Држави… сите се обидуваат да го пронајдат „лекот“ за КОВИД. Многу од овие вакцини доживуваат неуспех, но некои се многу поуспешни, како вакцината на која што работи Кина.

Оваа вакцина веќе ги помина фаза 1 и фаза 2 (што значи дека сите кои ја примиле се безбедни од Ковид-19, моментално се наоѓа во последната фаза, фаза 3 од развој. Фаза 3 се тестира во Обединетите Арапски Емирати, во Абу Даби, 15,000 доброволци ја примаат оваа вакцина, доколку е успешна заштитата кај овие 15,000 луѓе, тогаш ја поминува и фаза 3 и е подготвена за целиот свет.

Но за сега, оваа вакцина се тестира на разни раси и националности, за да се докаже дека ќе биде корисна за сите. Доколку оваа фаза помине успешно, светот се надева дека за кратко време ќе се врати во нормално функционирање.

Вакцината која се развива во Кина, е доволно јака, за да не ве разболи од Ковид-19, но да го натера телото да одговори со својот имун систем и да створи траен имунитет на Ковид-19. Доколку се случи ова, за многу кратко време животот би можел да се врати во нормала, да продолжиме да се ракуваме, да можеме да посетуваме концерти и да можеме да летаме каде што сакаме, животот конечно би се вратил во нормала.

Извор: