Во текот на вчерашниот ден се регистрирани нови 118 случаи на корона вирусот во Македонија.
Бројот на нови заразени секој ден е троцифрена, а се чини дека медициснските власти немаат решение за проблемот со епидемијата.
Причината за голем број на заразени ја гледаат во непочитувањето на мерките за здравствена заштита.
Од друга страна единствен начин да се стави епидемијата под контрола е да се дојде до вештачка имунизација на населението односно да се вакцинира.
Засега само руските медицински центри имаат пријавено вакцина против корона вирусот која засега се користи само во Русија од страна на кадри кои се најизоложени на ризикот да се заразат со вирусот.
СЗО предупреди дека руската вакцина не е доволно испитана и дека не се знае какви последици може да предизвика.
Поради тоа за руската вакцина мал број на држави најавија дека ќе аплицираат. Македонија е една од земјите која најави дека нема да аплицира за руската вакцина и ќе се чека вакцина од Оксфорд која е во една од завршните фази.
Извор: Сител