Бремена жена го спасила сопругот од напад на ајкула во Флорида Кис скокајќи во морето кога видела дека тој бил нападнат.
Според полицијата, Ендру Чарлс Еди (30) започнал да нурка во близина на гребенот Сомбреро во неделата кога бил нападнат од ајкула и бил каснат скоро веднаш откако влегол во водата, пренесува Би-Би-Си.
Неговата сопруга Марго Дјук Еди ги видела перките на ајкулата и крвта на нејзиниот сопруг, поради што веднаш скокнала во морето и нуркала, според официјалните лица.
Откако сопругата била пренесена на сигурно, други членови на семејството повикале Брза помош и мажот бил пренесен со хеликоптер во болница во Мајами поради тешки повреди на рамото.
Брзата помош соопшти дека Еди е во критична состојба кога службата пристигнала на лице место.
Инаку, брачната двојка од американската држава Џорџија летуваше со своето семејство на Флорида и заедно пловеа на приватен брод, а како што се наведува, кога Еди влегол во вода, неколку членови на неговото семејство веќе нуркале со маски.
Сведоците подоцна изјавија дека претходно во текот на денот виделе ајкула долга помеѓу два и три метри.
Флорида има најголем број напади на ајкули во светот, а минатата година беа пријавени 21 напад.
Извор: B92