Во текот на изминатите неколку дена, можат да се забележи присуство на полицискa контрола низ сообраќајните текови на територија на цела Македонија.
Нерегуларностите се проценуваат и се казнуваат со казни во висина предвидена со „Закон за безбедност на сообраќајни патишта“.
Во текот на денешниот ден, само во Куманово во рок од еден час се одредени 80 санкции меѓу кои за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, прекорачена брзина на движење и други прекршоци.
Засилена полициска контрола има и низ другите градови во Македонија, а особено на излезот од Скопје кон автопатот Скопје – Куманово, каде што во тек е реконструкција на патот.
- Автохтона објава