Mомче родено во ’94 година починало на инфективната клиника во Белград, без претходни хронични заболувања хронични заболувања.
Момчето било заразено со КОВИД19 а по влошување на неговата здравствена состојба бил примен на болничко лекување кое за жал завршило фатално по животот на младиот човек.
Тоа се ужасни работи, но сепак секој ден гледам луѓе во Воџовац кога младите се собираат пред зградите, се возат во лифтови во групи, едни до други, никој не носи маски. Клиниката е полна со млади, но многумина во Србија сè уште не го разбираат проблемот и неговата тежина – изјави директорот на Клиниката за инфективни болести.
Вака ја објаснува новата состојба, директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград, Горан Стевановиќ, додавајќи дека е крајно загрижен за периодот што допрва треба да дојде.
Најголемите проблеми се кај младите луѓе кои не обрнуваат внимание на мерките и сметаат дека вирусот нема никаква врска со нив.
Повозрасните лица ја разбраа пораката и заради тоа има се помалку проблеми со нив. Тие се чуваат, за разлика од помладите кои со денови се лекувале од вирусот во домашни услови. Откако Клиниката за инфективни болести беше исполнета со пациенти кои се на нивна возраст, со сериозни симптоми на ковид-19, крајно време е децата и младите луѓе сериозно да разберат каква опасност им се заканува – вели директорот на Клиниката за инфективни болести.
Тие имаат „селективно слух“
Дали младите требало да бидат предупредувани уште од почеток, наместо да се каже дека тие обично се само предаватели без симптоми, д-р Стевановиќ одговара дека е пробано неколку пати, но дека младите често имаат „селективно слух“ за вакви работи.
Се знаеше од почеток, не секој ќе заврши во болницата, но некои од нив сигурно ќе заврши. Некој млад човек или девојче нема да почувствува ништо, но нивното семејство ќе почувствува. Зар тоа не е доволна причина тие конечно да ги почитуваат сите мерки повеќе, да ја одржуваат својата оддалеченост и да носат маски – се прашува д-р Горан Стевановиќ.
Истражувањата покажуваат дека по месец април се поголем број на млади лица заболуваат со корона вирусот, а експретите се сомневаат дека станува збор за нова мутација на вирусот која е највирална токму за млади луѓе.
Други пак, експрети веруваат дека причините за зголемен број на млади луѓе кои се разболуваат лежи во нивниот однос кон превентивата и мерките за заштита.
Примерот за 26 годишно момче кое претходно немало хронични заболувања покажува дека вирусот е непредвидлив и дека единствено превенцијата ја руши секоја опасност и ризик од влошена здравствена состојба или смрт во краен случај.
Извор: novosti.rs