Легендарниот актер и мајстор на боречки вештини Чак Норис почина на 86-годишна возраст. Ова го потврди неговото семејство преку официјална објава. Веста брзо ја пренесоа светските медиуми. Ова означува крај на една ера во акциониот филм.
Норис, кој се прослави со улогите во филмови како „The Delta Force“ и култната серија „Walker, Texas Ranger“, почина на 19 март 2026 година по ненадејна здравствена состојба. Според семејството, тој заминал мирно, опкружен со своите најблиски.
Роден како Карлос Реј Норис во 1940 година, тој прво стекна светска слава како шампион во карате. За потоа да стане една од најпрепознатливите фигури во Холивуд. Во текот на својата кариера, остави силен белег со десетици филмови и телевизиски проекти.
Една од неговите култни улоги е во филмот: Патот на Змејот! Заедно со Брус Ли се познати по тоа што глумеа во класикот за боречки вештини од 1972 година „Патот на змејот“. Тие глумеа само во овој еден филм заедно. Во кој се прикажува иконска, историска сцена на борба во Колосеумот во Рим. Ли го покани Норис да глуми како антагонист бидејќи тој беше актуелен шампион во карате.

Освен актерската кариера, Норис беше и глобален културен феномен, особено преку интернет мимовите познати како „Chuck Norris facts“, кои дополнително ја зацврстија неговата легендарна репутација.
Тој зад себе остави сопруга и пет деца, како и милиони фанови ширум светот кои ќе го паметат како симбол на сила, дисциплина и праведност.














