Швајцарскиот град Олтен остана покриен со парчиња чоколадо по кварот во фабриката за чоколади Lindt.
Луѓето беа вчудоневидени од неверојатна глетка од небото – снег од честички со какао во прав што го покриваа градот откако се распадна системот за вентилација во фабриката.
Компанијата Lindt & Spruengli потврди дека во својата фабрика во Олтен, град помеѓу Цирих и Базел, имало мал дефект во вентилацијата за ладење на печените парчиња какао, кои се основа на чоколадото.
Во комбинација со силниот ветер што дуваше тој ден, прашината се шири во непосредна близина на фабриката.
Системот за вентилација наскоро беше саниран и фабриката продолжи со производство, а од компанијата велат дека честичките се целосно безбедни за животната средина и здравјето на луѓето.
Извор : Kurir rs;