Вакцините против грип ќе бидат достапни пред почетокот на ризината сезона.
Ова година е специфична по тоа што покрај грип, во светот владее и пандемија на КОВИД19 кој предизвикува симптоми слични на грип.
Тоа значително може да влијае врз определување на точната дијагноза и препознавање на симптомите, па од таа причина лекарите препорачуваат вакцинирање против грип.
Со вакцинирање против грип се намалуваат шансите од заболување од грип и од КОВИД19 во исто време, но и доколку се појават симптоми слични на грип по вакцинацијата полесно е да се претпостави дека станува збор за КОВИД19.
Хрватската педијатарка Снежана Капор – Јаричевиќ за „Слободна Далмација“ изјави дека најдобра солуција е секое здраво дете да биде вакцинирано против сезонски грип во овој период.
Вакцините против сезонскиот грип се доброволни во повеќето европски земји, но се разгледува можноста тие да имаат задолжителен карактер поради паралелното владеење на смртоносниот вирус КОВИД19 и опасноста од нивно заемно мешање.
Извор: Slobodnadalmacija.hr