Компанијата Индитекс, сопственик на Зара ќе затвори од 1000 до 1200 модни продавници ширум светот, сакајки да се пренасочат на онлајн продажба, како последица од хаосот предизвикан од корона пандемијата.

Шпанската компанија Индитекс ги поседува и брендовите „Бершка“, „Пул Енд Бер“ и „Масимо Дути“.

Затварањето најмногу ќе ги погоди продавниците во Азија и Европа. Бројот на продавниците би паднал од 7400 на 6700 односно 6900. После реорганизирањето планираат да отворат и нови 450 продавници.

Компанијата пријави загуба од 409 милиони евра во првиот квартал од годината како последица од корона кризата.

Извор: theguardian.com