дома информација вест СЗО најде атернативен метод во лекување на пациенти во критична состојба од...

СЗО најде атернативен метод во лекување на пациенти во критична состојба од КОВИД19 кој се претпоставува дека ќе понуди поефикасни резултати од респриатори

954
0

Светската здравствена организација препорачува „систематска употреба на кортикостероиди кај пациенти со потешка или критична форма на ковид-19“.

Оваа препорака доаѓа по истражувањето кое покажало дека овие лекови ја намалуваат смртноста кај тие пациенти, според упатствата објавени денеска во медицинското списание BMJ.

Документот ги утврдува препораките дадени од Светската здравствена организација (СЗО) на нивната веб-страница во средата, по објавувањето на серија студии во американското медицинско списание „Јами“ кои ја потврдуваат ефективноста на овие лекови.

„Препорачуваме систематска употреба на кортикостероиди за третман на пациенти со тешка или критична форма на ковид-19“, пишува експертски тим од СЗО.

Досегашната пракса покажува дека респираторите не се ефикасно решение за пациентите со влошена здравствена состојба.

Во Македонија бројот на пациенти што преживеале откако биле ставени на респиратор е исклучително мал и загрижувачки.

Ова алтернативна метода на лечење се покажала како ефикасна во пракса на лечење на пациенти со тежок облик на заболување од КОВИД19, поради што ја зголемува можноста за побрзо и поцелосно третирање на последиците од заболувањето.

Извор: Канал5