Трговските преговори за Брегзит се во криза поради стагнирање во претпоследната рунда преговори во Лондон, откако Велика Британија ја предупреди ЕУ дека може ефикасно да го надмине договорот за излегување од ЕУ што го потпиша, освен ако блокот не се согласи на договор за слободна трговија до 15 октомври.
Тензиите се зголемија во понеделникот, а главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, рече дека е „загрижен“ за преговорите и дека ќе побара појаснување од Лондон за плановите да се повлече од обврските.
Велика Британија, наводно, планира ново законодавство што ќе ги надмине клучните делови од Договорот за повлекување на Брегзит – чекор што, доколку се спроведе, може да го загрози договорот потпишан во јануари и да предизвика тензии во Северна Ирска.
Делови од нацрт-законот за внатрешен пазар, што треба да бидат објавени во среда, се очекува да ја “елиминираат правната сила на деловите од договорот за повлекување” во области вклучувајќи државна помош и царина во Северна Ирска, објави во понеделникот весникот Фајненшл тајмс, повикувајќи се на три лица запознаени со плановите.
Доколку не се постигне договор, обете страни треба „да го прифатат тоа и да продолжат понатаму“, рече британскиот премиер Борис Џонсон во понеделник.
Во ова сценарио, Велика Британија би имала трговски односи со блокот како Австралија, што би било „добар исход“, ќе рече Џонсон.
Џонсон исто така ќе рече дека нема смисла да се размислува за временски рамки по 15 октомври.
Извор: Aljazeera.com