Постигнат е консензус во распределбата на комисиите помеѓу координаторите на пратеничките групи, со што во Собранието се става во функција, објавија повеќе медиуми.


Координаторот на СДСМ, Јован Митревски, најави дека Комисијата за избор и именувања ќе одржи седница, додавајќи оти очекува да добие поддршка за поделбата на комисииите и од опозицијата.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, потврди дека и опозицијата ќе даде поддршка на комисијата и на пленарната седница, бидејќи во комисиите има членови од сите партии. Спорната Комисија за европски прашања оди кај ДУИ.

Извор : Нова Македонија ;