Нафтата „брент“, светски репер, падна под 40 долари за барел, првпат од крајот на јуни.Цените на нафтата во САД во вторникот паднаа за седум проценти на 36,76 долари за барел, објави Фена.

Тоа беше најлошиот ден во однос на суровата нафта и најниската цена при затворањето на тргувањето во скоро три месеци.

Во еден момент, нафтата падна за дури девет проценти.

Нафтата „брент“, светски репер, падна под 40 долари за барел, првпат од крајот на јуни.


Саудиска Арабија ја намали цената.

Жестоката распродажба на пазарот на енергија во голема мерка е предизвикана од зголемената загриженост за тоа колку сурова нафта и треба на кревката светска економија.

Продажбата се случи откако Саудиска Арабија, де факто лидер на ОПЕК, ја намали својата официјална продажна цена во Азија и САД и тоа никогаш не е добар знак кога водечкиот светски извозник на нафта се чувствува принуден да ги намали цените за да привлече купувачи, пренесува Си-Ен-Ен.

Извор : Aljazeera ;