дома животен стил Нè очекуваат дождливи есенски денови, но не затворајте се внатре – Еве...

Нè очекуваат дождливи есенски денови, но не затворајте се внатре – Еве зошто треба да бидете надвор додека врне:

1066
0

Ако бидете изложени на дожд подолго време ќе бидете наводенети, ќе ви е студено, може да настинете и куп други изговори што си ги давате да се затворите во домовите и да не излегувате дури не се осигурате дека надвор е потполно суво и нема опасност да дојдете во контакт со капки од дожд.

Дождливото време надвор повикува многу помалку луѓе отколку сончево време кое скоро сите ги инспирира на долги прошетки во природата и подолго поминување на времето надвор.

Сепак според научните факти, повеќе време надвор треба да поминувате кога е дождливо време отколку кога е сончево:

Се сеќавате како завршува филмот „Midnight in Paris“? – Британскиот писател со својата симпатија решава да го запознае градот и неа на една прошетка откако заврна.
Не е случајно тоа што најромантичните сцени во филмовите се токму оние кои се снимани на дождливо време!

Квалитет на воздух

По 15 минути паѓање на дожт, воздухот значително се прочистува, а доколку го дишете тој воздух ќе имате свежина, ќе вдишувате кислород и ќе се чувствувате поенергични и полни со елан.

Релаксирање

Капките од дождот што допираат на тлото на земјата имаат посебна ритмика која не создава шум и непријатност, туку напротив го опушта вашиот ум. Неслучајно се вели дека најубаво спиење е она додека надвор врне.

Поттикнување на креативноста

Додека е дождливо времето, облаците се спуштени и протокот на сончева светлина е помал. На тој начин визуелното сетило не трпи многу стимуланси, со што се поттикнува умствената креативност. Научни истражувања покажуваат дека имагинацијата кај луѓе кои сакаат потемни простории додека работат е далеку пооригинална и изострена за разлика на оние кои се љубители на фотоните.

Може да ги погледнете местата и луѓето од друг агол

Сончевите и топли денови ги вадат сите на улиците. Но ретко кој е на улица додека е дождливо време. Недостатокот на вообичаениот урбан џагор и десетици тела со кои се разминувате додека сте на прошетка ви го оттрга вниманието од градот, архитектурата, дизајн на простор, уреденост и луѓето кои ви се придружба за време на прошетката.

Ако сакате подобро да го запознаете вашиот град, најдобро е да направите прошетка додека умерено врене.