дома информација вест Нов сет на антикризни мерки ќе бидат објавени во текот на следната...

Нов сет на антикризни мерки ќе бидат објавени во текот на следната недела

889
0

Нов пакет на антикризни мерки најави владата на вчерашната прес-конференција која ја одржаат премиерот Зоран Заев и министерката за образование – Мила Царовска.

Станува збор за мерки кои таргетираат посебна категорија на граѓани – најсиромашните и приватните фирми кои се најпогодени од епидемијата.

За сиромашните се предвидува ваучер за купавање на домашни производи, додека за фирмите се предвидуваа поволни комерцијални кредити.

Оценката на владата е дека досегашните мерки дадоа резултати и ги спречија сериозните економски последици од економската криза која е производ на новиот начин на функционирање наметнат преку мерките за здравствена заштита од КОВИД19.

Извор: МИА