Изборите за претседател на Белорусија се одржаа на 9ти Август, а голем број од граѓаните покажаа сомнеж во изборните резултати.
Опозициските претставници организираа протести кои траат скоро два месеци во Минск и другите поголеми градови низ Белорусија.
Сега, Лукрашенко најави дека се потребни нови избори за народното собрание.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека е неопходно да се одржат избори за народното собрание, како дел од планот за измена и дополнување на Уставот, пренесува агенцијата ТАСС, повикувајќи се на белоруската државна агенција „Белта“.