Во август, 12 активисти од Хонг Конг, на возраст од 16-33 години, биле пресретнати од кинеските власти на море додека се обидувале да побегнат во Тајван.
Тоа беше редок и смел обид за бегство од град кој беше во политички превирања и во кој се случи масовен егзодус на политички неистомисленици.
Тие во моментов се држат без обвинение и судска одлука во притвори во Кина.
Сега, нивните семејства бараат одговори и бараат да бидат ослободени, додека голем број од активисти, демонстранти и политички неистомисленици масовно се отселија во Велика Британија успевајќи да побегнат од најавените апсења.
Извор: BBC