дома животен стил Неколку основни постулати на здравата исхрана

Неколку основни постулати на здравата исхрана

859
0

Концептот „здрава исхрана“ стана доста популарен, а се чини дека не постои човек на светот кој барем еднаш во животот не се сретнал со совети за подобрување на исхраната како превенција за многу болести.

Голем дел од потеклото на болестите, современата медицина ги лоцира токму во начинот на исхраната, а таа почна да се дели на две големи групи – брза храна и здрава храна.

Под брза храна се подразбира она храна која брзо се приготвува и брзо се јаде и која служи само да ги задоволи потребите од храна без да се има однос кон тоа „што се јаде“.

Здравата храна е цел концепт кој вклучува нутритивни вредности, калкулатор на калории, компоненти на храната, нивната улога врз разбота на органите, бенефит и сл.

До пред неколку години текстовите посветени на здрави состојки и начин на нивно приготвување беа најактуелни на дневно ниво.

Сепак се покажа дека колку и да се внимава на исхраната, тоа не е доволно да бидете целосно здрави и дека исхраната не е единствениот фактор за болести. Тоа значително ја промени перцепцијата кај апологетите на теоријата за здрав живот преку контролирана исхрана.

Во продолжение неколку правила за исхрана кои треба да ги знаете пред да го обликувате сопствениот начин на исхрана:

Јадете она што ви се јаде, а не она што ви е на листа на дневен ред

Луѓето треба да го јадат она што им се јаде, а не она што е предвидено да го јадат тој ден. Не постои совршена диета, ниту постои еден човек на Земја кој може со гаранција да одреди што треба да се јаде, во кои количини и кога.

Организмот најдобро знае што во тој момент му е потребно, па затоа ако денеска ви се јаде помфрит наместо овошна салата, не се воздржувајте да го порачате она што ви ја предизвикува желбата.

Важно е да направите однос кон сопственото тело и да ги следите сигналите. Телото најдобро знае што му треба и во кои количини. Ако воспосавите силна врска со своето тело, никогаш нема да изберете погрешно јадење и никогаш нема да се прејадувате.

Храната треба да е разновидна

Постојат луѓе кои секој ден јадат исти или слични оброци – супа, смути, салати, одреден тип на месо и леб. Сепак повторувањето на состојките што ги внесувате може да ве остави осиромашени со одреден тип на состојка која ви е потребна во организмот за нормална функција.

Желбата за храна е и психолошка

Сите знаеме дека не јадеме само кога сме гладни, туку и кога сме несреќни или кога ни е досадно. Затоа храната не е центар на светот околку која треба да се вртат секојдневно нашите мисли. Колку повеќе се вложуваме во други работи, дружби, излегувања и слично, толку помалку време ќе имаме да го пополнуваме со активности како што е јадењето.

Не постои идеална количина на вода што треба да се внесе на дневно ниво

Не треба да се оптеретувате дали денеска сте испиле 2 литри вода или 6 чаши вода во текот на денот. На секој организам му е потребна различна количина на вода.

На пример ако јадете потечна храна која содржи повеќе вода, тогаш вашите потреби од внес на вода во чаша ќе се многу помали.

Ако пиете алкохол, пушите цигари или јадете калорична храна, потребите за вода ќе ви се многу поголеми.

Вода се пие додека урината не стане безбојна.

Не е добро да не внимавате воопшто на тоа што јадете, колку јадете и кога јадете, но и предвидени оброци под мерка и преголемо оперетување со исхрана може да ви создаде повеќе проблеми отколку услуга.