Предлог измените на Владата на Република Македонија и донесувањето на рестриктивните мерки со кои се оневозможуваат активностите на музичките работници да продолжат со својата работа во услови кога сето тоа се одвиваше со бавно темпо поради ситуацијата со COVID-19,најавен е мировен протест,во продолжение инфо од фејсбук статус:
⚠️🎼М И Р О В Е Н П Р О Т Е С Т🎼⚠️
🤝 „ПОДДРШКА ЗА МУЗИЧАРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЗАСЕГНАТИТЕ СОРАБОТНИЦИ ОД ЦЕЛАТА СВАДБЕНА ИНДУСТРИЈА“ 🤝
🔜 „МУЗИЧКИ ХЕПЕНИНГ СО НАСТАП НА НАЈ ПОЗНАТИТЕ МУЗИЧКИ ИМИЊА ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“
🗓 Дата, ден и почеток:
07.10.2020 / Среда / 14:00ч
🏛 Местоположба: Скопје
Влада на Република Македонија
➡️ Ве покануваме на голем масовен протест во име на 20 000 илјади засегнати заборавени граѓани и работници, кои достојно и макотрпно од дома ги следеа случувањата со Ковид вирусот, но за жал и возврат не добија шанса да работат по нормални услови и барања како сите останати гранки во државата.
(Со повеќе кратен труд и начин да добиеме вистински протоколи за работа)
🎯 Целта на овој протест е да докажеме дека сепак постои огромна СЛОЖНОСТ помеѓу нас, дека ќе се бориме од денес па натаму многу по сериозно за нашите права, а со тоа сакаме да ги претставиме нашите строги барања и протоколи пред државните органи.
Со тоа би постигнале огромен успех, со што би продолжила константната работа на сите настани од отворен и затворен тип, без да нанесеме било каква штета врз здравјето на нашите почитувани граѓани. Со дозвола на нашите барања, ние за возврат ветуваме дека ќе направиме да има драстичен пораст на економијата во државата.
Вашата поддршка е секогаш безрезервна, но сега би ни било драго и чест доколку застанете зад нас, токму сега кога сте ни нај потребни.🙏🙏🙏
Нема место за Етничка поделба, во ова сме сплотени и повикани баш сите националности и граѓани на Република Македонија!!!
🇲🇰 Македонци
🇷🇸 Срби
🇹🇷 Турци
🇦🇱 Албанци
🇧🇦 Босанци
🇰🇮 Роми
Власи
Да, тоа сме ние, најголемите амбасадори, луѓето кои се присутни насекаде и ви го развеселуваат деноноќниот живот кроз песни и ора.
„БЕЗ МУЗИКА, НЕМА ЖИВОТ„
Со почит,
Музичарите и целата Свадбена Индустрија.
Фејсбук статус на Анастасија Петреска ;