Постојат битни разлики помеѓу мажите, но она што ги прави пожелни за спротивниот пол е цртата на сигурност.

Сигурните мажи се репрезентативни за својот „појак“ пол и жената секогаш бесконечно ужива со сигурниот маж.

Несигурните мажи од друга страна создваат многу пречки за амбициозни и моќни жени поради нивните стравови, фрустрации, ниски можности за разбирање или едноставно потреба да наметнуваат и потврдуваат доминација врз жената.

Еве неколку суштински разлики помеѓу сигурен и несигурен маж:

Сигурниот маж има самодоверба, несигурниот бара одговори

Сигурниот маж точно знае дали она што го прави или она што го правите е во согласност со неговите принципи и желби. Тој никогаш не се колеба дали носи исправни одлуки и цврство и пред сите стои зад својот избор.

Несигурниот маж е полн со прашања, тој од вас ќе бара да му давате одговори на секакви банални прашања, ќе бара да му ја потврдите одлуката за да може да ја преземете одговорноста доколку одлуката биде погрешна.

Тој не е способен да се носи со товарот на сопствените одлуки и затоа ќе ве пушта секогаш низ вода – да одлучувате наместо него.

Сигурниот маж прави сигурен избор

Сигурниот маж точно знае зошто ве избрал токму вас и тој никогаш нема да ве спореди со ниту една друга жена на светот.

Несигурниот маж секогаш ќе ве споредува со некоја друга жена и од вас индиректно ќе бара да ги прифатите нејзините карактеристики, во многу од случаите таа жена е токму нивната мајка.

Сигурниот маж ви создава потреба, несигурниот ви наметнува очекувања

Сигурниот маж ви создава потреби, а не очекувања. Од сигурниот маж никогаш нема да случнете реченица: „Мислев дека денеска ќе се видиме“ или „Требаше да ме гушнеш“ или „Треба да водиш одреден тип на живот“. Сигурниот маж ви создава потреба да го следите.

Несигурниот ви наметнува очекувања и секогаш има намера да ве „направи по свој терк“ кој веројатно и самиот не го посакува и го менува, но за несигурниот маж жената е арена каде што треба да ја докаже својата моќ врз неа бидејќи ја нема и кај него моќта не е нешто што се подразбира.

Сигурниот маж има доминација, несигурниот маж мора да ја одглуми

Сигурниот маж е мажествен и доминантен во самата своја појава и тој нема потреба да ја докажува својата доминација преку вас. Тој едноставно зрачи со моќ во својот сигурен чекор, во својот поглед и говор.

Несигурниот маж ќе наоѓа простор да ви прави „полициски истраги“, да користи разни ситуации за да добие нешто од вас, очекува да направите се наместо него – па дури и да му ги соберете чорапите од под.

Сигурниот маж е лидер, несигурниот маж бара сојзуници

Сигурниот маж ќе направи избор во кој е сигурен дека ќе уживате и вие. На пример тој ќе го направи вистинскиот избор за излегување, храна, летен одмор и сл. И покрај тоа што ја почитува неизмерно вашата одлука, тој знае да ја води ситуацијата и е сигурен дека ќе успее да ве направи среќна и задоволна.

Несигурниот маж остава вие да ја водите ситуацијата и да ги правите изборите, за кои веројатно за многу скоро ќе бидете искритикувани.

Многу од жените сметаат дека сигурните мажи се тешки за соживот. Токму поради тоа што добро знаат што сакат, што прават и тие имаат свои принципи со кои никој не може да управува. Несигурна жена која има потреба да го „узда“ умот, расположението и животот на мажот веројатно ќе бега што подалеку од сигурен маж.

Магдалена Стојмановиќ