дома животен стил Како да препознаете дека сте дехидрирале и кога е време за чаша...

Како да препознаете дека сте дехидрирале и кога е време за чаша вода:

1041
0

Вашиот организам нема потреба од вода само кога вода ви се пие и чувствувате жед.

Обично жед настанува кога дигестивниот систем има потреба од вода, но вистината е дека сите органи и клетки во организмот имаат потреба од вода.

Зголемена потреба од вода во организмот се јавува ако често конзумирате кафе, алкохол, цигари и кога вршите некоја физичка активност.

Често се случува на вашиот организам да му недостасува вода, а вие да не испиете чаша вода бидејќи не чувствувате класична жед.

Еве кога треба да ја зголемите вашата количина на вода во организмот:

Сув нос и отежнато дишење

Ако дишењето ви е отежнато а слузокожата на нос ви е сува, итно треба да испиете вода и тоа во поголема количина.

Сува слузокожа на нос е знак дека сте дехидрирани.

Испукана уста

Ако имате испукана уста тогаш на сите клетки од вашиот организам им недостасува вода за нормално функционирање.

Малаксаност и поспаност

Ако ви недостасува енергија дури и да станете од вашиот кревет тоа значи дека е време за неколку чаши вода без одложување!

Губење на апетит

Луѓе кои се дехидрирани не чувствуваат глад, бидејќи внесување на храна во вашиот организам само ќе значи поголема потреба од вода.

Кога организмот не ви бара храна, а не сте јаделе ништо скоро цел ден, прво испијте неколку чаши вода, кога вашиот организам ќе се хидрира правилно, може нормално да функционира потоа и метаболистичкиот процес.