дома животен стил Излезе од печат биографијата на Џон Ленон: Љубовниците му ги бирала Јоко...

Излезе од печат биографијата на Џон Ленон: Љубовниците му ги бирала Јоко Оно, а во кревет завршил и со Дејвид Боуви

749
0

Самата приказна за тоа како Џон ја запознал Јоко е необична и е во врска со заминувањето на друга жена од животот на Џон Ленон.

Џон ја запозна Јоко токму кога му требаше, две недели по смртта на Алма Коган. Таа беше опсесивна обожавателка која го следеше насекаде. Страшно му одеше на нерви. Но, Алма почина и на Џон му се случи нешто чудно. Сè се сврте наопаку. Јоко сигурно ја реализирала својата можност и ја искористила. Носеше панталони во врска и до крајот на животот ќе го контролира Џон и ќе биде доминантна – изјави неговата прва сопруга Синтија.

Еден од соговорниците во книгата е Енди Пиблс, поранешен новинар на Би-Би-Радио 1, кому Јоко му веруваше и му даваше интервјуа исклучиво на него по смртта на Џон. Тој откри дека Јоко започнала да живее со Сем Хавадој, поранешен асистент на Ленон, неколку недели по атентатот.

„Не можев да ги сфатам нејзините солзи како искрени“, рече Енди, додавајќи дека вдовицата била во врска со овој човек во следните 20 години и го облекувала во слична облека како она што ја носел Џон.

Извор: Jutarnji.hr