Данска, првата земја надвор од Азија што ги ублажи своите рестриктивни мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19, во средата соопшти дека бројот на заразени не се зголемил од влегувањето во втората фаза на рестартирање на социјалните активности минатиот месец.


Таа нордиска земја дозволи ресторани, кафулиња и трговски центри да продолжат со работа во текот на мај во втората фаза на ублажување. Во април, дозволи повторно отворање на градинки, училишта, фризерски салони и мали бизниси.

– Нивото на инфекција е сè уште многу ниско – рече во средата данската служба за јавно здравје, додавајќи дека потврдениот број новозаразени продолжи да опаѓа и покрај новите тестови.

Бројот на смртни случаи од коронавирус варира меѓу нула и четири на ден во последните три недели, по врвот на 22 регистрирани смртни случаи на 31 март. Бројот на хоспитализирани пациенти се намали на помалку од сто од почетокот на јуни.

Сите други европски држави ублажувањето на мерките го правеа постепено во сооднос со опаѓање на бројот на заболени. Единствено Македонија останува земја со голем број на заболени лица.

Целата вест на site.com.mk може да ја прочитате тука