дома информација вест Денеска се празнува „Ден на независноста на Македонија“

Денеска се празнува „Ден на независноста на Македонија“

914
0

На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство – 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Македонски парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година.

Денот на независноста како државен празник е неработен ден во Македонија. Претседателот и Владата на Македонија организираат разни свечености.

Претседателот традиционално го доделува Орденот „8 Септември“. Народот традиционално оди на излети во познатите излетнички места.

Македонскиот олимписки комитет организира спортски пикници, а додека Мотоциклистичката федерација на Македонија го организира Меѓународното мото рели „Македонија 2008“ во Скопје.

Сите македонски амбасади, конзулати и преставништва приредуваат пригодни коктели и свечености во земјите во кои се наоѓаат.

Извор: Википедиа