Грчкиот премиер Мицотакис на посетата на островот Санторини на прес-конференција за новинари изјави дека интересот на грачката влада не е да биде број 1 дестинација на сметка на здравјето на граѓаните.
Во пресрет на започнување на туристичката сезона утре, Мицотакис најави дека грчките власти строго ќе се придржуваат до спроведување на мерките за заштита на здравјето како на своите граѓани така и на туристите.
Засега границите со Македонија остануваат затворени, што го отежнува патот за пристигнување до атрактивните туристички дестинации низ Грција.
Со однос на зголемениот број на нови заразени со КОВИД19, македонските власти уште не размислуваат за отворање на границите со соседните држави.
Извор: mia.mk