Специјалната програма има за цел да ги инспирира женските работници да станат лидери и да ги зајакнат правата на жените низ индустријата.
Пред пет години, Садека Бегум работеше 12-часовна смена во фабриката за облека, како главен прoвајдер на нејзиното семејство во Бангладеш.
Денес, 23-годишната Бегум е една од првите дипломирани студенти на специјалната универзитетска програма која има за цел да ги инспирира женските работници да станат лидери и да ги зајакнат правата на жените низ индустријата.
Бегум сега стажира во фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и се надева дека ќе ја искористи нејзината диплома по економија за да започне проект за подобрување на животот на децата од текстилните работници во Бангладеш, со решавање на недостаток на школување и грижа за децата.
„Јас сум пример за тоа како образованието може да смени некоја личност“, рече Бегум, еден од четирите поранешни работнички за облека која дипломираше на курсот „Патеки за ветување на азискиот универзитет за жени“ (AUW) – со седиште во југоисточниот пристанишен град Читагонг.
„Облекарите се причината зошто економијата во Бангладеш се одвива добро“, додаде таа. „Нивните деца заслужуваат подобро“.
Околу 470 жени во неповолна положба, вклучително и собирачи на чај и бегалци, се запишале на програмата за бесплатна диплома од нејзиното започнување во 2016 година и добиваат месечна стипендија додека учат.
Десетици поранешни текстилни работници се дел од групата и заменик-канцеларката на AUW, Нирмала Рао, рече дека универзитетот е вклучен во создавање практиканти за решавање на „недостаток на жени средни и високи менаџери“ во индустријата за облека во Бангладеш.
Додека до 80% од работниците во облека се жени на претежно помали позиции, како што се шивачи, мнозинството високи раководни позиции ги завземаат мажи, покажуваат податоците на ООН.
Рубана Хук, која ја предводи најголемата нацијална трговска асоцијација за производители на облека и исто така беше вклучена во дизајнирање на академскиот курс, рече дека матурантите имаат намера да завземаат раководни позиции во овој сектор и со тоа ќе ги инспирира другите жени да сонуваат големи.
„Тие имаат различна изложеност и нивните погледи се многу свежи“, рече Хак за Фондацијата Томсон Ројтерс. „Тие ќе можат да придонесат за тоа како гледаме на женското оспособување“.
Програмата на ООН за образување на жени лидери во Бангладеж носи спори но сигурни резултати е заклучокот на учесниците во ова програма.
Целата вест може да ја прочитате на aljazeera.com