Ако возите во капут или во зимска јакна во Шпанија, ве очекуваат високи казни до 200 евра.

Идејата за ова правило е дека зимската јакна ве огранилува во возењето, односно ги лимитира вашите движења при управувањето со воланот. Во Шпанија истото важи ако на себе имате шал или ракавици, пишува ревијата ХАК.

Трестовите на Германскиот автоклуб (ADAC) покажале дека со зимската јакна можете да имате друг тип на проблеми. Таа ќе го оневозможи правилното затегнување на сигурносниот појас кој може да се лизне преку стомакот и да ги повреди цревата, црниот дроб или панкреасот.